Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше и во Битола, каде со граѓаните се сретнаа потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска и Методија Димовски, како и во Могила, каде беа Хари Локвенец и Борче Петковски.

СДСМ е државотворна и одговорна партија, заслужна за секој национален успех досега. Донесовме храбри и мудри одлуки, ја внесовме државата во НАТО, по 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик, истакна потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека СДСМ е силно посветена на на европскиот пат.

Костадиновска Стојчевска нагласи дека паралелно со решавање на децениските отворени прашања СДСМ се грижи за сите граѓани, ја развива и унапредува инфраструктурата во сите делови на државата.

Започнуваме со изградба на автопатот Битола – Прилеп со што граѓаните од Пелагонија добиваат нов, модерен, најсовремен автопат, каков што заслужуваат, порача Костадиновска Стојчевска, нагласувајќи дека реализацијата на коридорите 8 и 10Д ќе донесе огромни и значајни придобивки за целиот регион.

Рамо до рамо со граѓаните на Могила денеска беа Хари Локвенец и Борче Петковски. На средбите разговараа со граѓаните за економските политики на СДСМ и нагласија дека субвенциите се исплаќаат редовно и навремено, а годинава за тутунот достигнаа рекорна висина од 26 милиони евра.

За нас зборот е збор, она што го ветивме го исполнивме и тоа предвреме, минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари, просечната на 34.000 денари, пензиите во март годинава пораснаа за 8,4 отсто, за сите 330.000 пензионери, кои ги очекува ново покачување веќе во септември, рече Локвенец, пред граѓаните на Могила.