На 17.11.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 39-годишен жител на Куманово.

Тој се сомничи дека изминатиот викенд на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово со употреба на сила влегол во деловни објекти и одземал предмети и пари.

39-годишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.