Исплатата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15, повторно е во центарот на вниманието на вработените во Македонија. Дел од работниците веќе ги добиле парите, додека други сè уште го очекуваат годишниот надоместок. Како што се приближува крајот на 2026 година, прашањата стануваат сè поконкретни: колку треба да исплатат компаниите, кој има право на К-15, дали износот е ист за сите и што се случува ако работодавачот не ја исполни обврската?, пишува Centar.mk.

За илјадници домаќинства, овие средства одамна не се само дополнителни пари за годишен одмор. Тие се дел од семејниот буџет со кој се покриваат сметки, обврски, трошоци за греење, храна и други потреби. Но зад очекуваната исплата стојат точно утврдени правила, а не добра волја на работодавачот.

Според последните објавени статистички податоци достапни на 13 ноември, пресметаниот минимален регрес во приватниот сектор изнесува околу 19.415 денари нето, додека основниот износ за јавниот сектор е приближно 13.559 денари, под услов да се исполнети критериумите од соодветните колективни договори, пишува Centar.mk.

Колку изнесува К-15 во приватниот сектор?
Основното правило е утврдено во член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Според него, регресот за годишен одмор изнесува најмалку 40 проценти од основицата, а основицата се пресметува според просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци.

Последните три месечни плати што Државниот завод за статистика ги има објавено до 13 ноември 2026 година се:

  • Јуни 2026: 48.381 денар.
  • Јули 2026: 48.499 денари.
  • Август 2026: 48.733 денари.

Просекот на овие три плати изнесува 48.537,67 денари. Четириесет проценти од таа основица се 19.415,07 денари, односно заокружено 19.415 денари.

Прочитајте го целиот текст на  Centar.mk.