СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на с. Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 11.08.2025 во казино во Тетово, полициски службеници извршиле претрес, при што во машкиот тоалет бил пронајден и одземен кокаин, додека по извршените анализи било констатирано дека пријавениот користел кокаин.