На 17.11.2026 околу 20:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на ул. „5 Ноември“ во Струмица, 35-годишен жител на Струмица се здобил со тешки телесни повреди од удар од патничко возило.
Имено, тој ги паркирал двете патнички возила „пежо“ и „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки на улицата едно зад друго. Притоа, 35-годишникот не ги презел сите потребни мерки за безбедно паркирање и возилото „мерцедес“ само се придвижило и удрило во него и во возилото „пежо“, кое било прво паркирано.
Веднаш по несреќата, 35-годишникот бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде што му биле констатирани повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.