Денеска (11.02.2022) полициски службеници од СВР Велес – Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишиле од слобода Ш.Ј.(21). За него била распишана потерница со која се барал за издржување на казна затвор од траење од 7 години и 1 месец.

Ш.Ј. бил приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.