Денеска (08.08.2021) од полициски службеници на СВР Струмица бил лишен од слобода Д.К.(29) од с.Баница, поради постоење основано сомнение дека предизвикал пожар, при што била опожарена трева и нискостеблеста вегетација.

Имено, по пријава примена во СВР Струмица во 11.38 часот, според која на излез од Струмица кон с.Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на лице место и задржан. Тој е приведен во полициска станица и во консултација со Јавен ообвинител од ОЈО Струмица, по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа, а увид извршен од увидна екипа на СВР Струмица.