Денеска (14.04.2022) во 11.30 часот на ул.„Александар Турунџев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги – Чаир при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје. Тој бил баран по Централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „злоуотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.