На 26.06.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради тоа што на 23.06.2024 извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети, соопшти МВР.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...