На 08.12.2021 околу 08.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.К.(44) од Скопје. Тој се барал со потерница поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на општина Гази Баба – Скопје.

При контрола во возилото „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, разновиден златен накит, два мобилни телефона, а исто така, било одземено и возилото. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.