Полицијата ноќеска привела 24-годишен гостиварец, осуден на тригодишна затворска казна.

Според информациите, А.Б. од гостиварски Балиндол е осуден за кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

По приведувањето А.Б. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор “Идризово” во Скопје за издржување на казната.