На 09.09.2021 во 16.20 часот на ул.„Финска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А. А.(32) од Скопје, кој се барал по потерница поради бегство од затвор.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за дозидржување казна затвор од три години и пет месеци за сторени кривични дела по член 215 став 1 и член 383 став 2 од Кривичниот законик.