14.06.2024 во 14.45 часот во Гостивар, полициски службеници од оВР Гостивар го лишиле од слобода С.М.(34) од Гостивар. Тој се сомничи дека во периодот од 18.45 часот на 13.06.2024 до 12.50 часот на 14.06.2024 извршил „тешка кражба“ од куќа во изградба, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...