Денеска (30.05.2022) во 05.10 часот во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(35) од с.Булачани, скопско. Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.