Во рамки на посетата на Струга, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.

На средбата беше разговарано за актуелните прашања од значење за локалната самоуправа, за потребите на граѓаните, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу централните институции и општините. Претседателот Гаши ја истакна важноста на отворениот дијалог со локалните власти, како значаен предуслов за поефикасно препознавање и решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

Дополнително, на средбата беше разговарано и за можноста за отворање на пратенички канцеларии за контакт со граѓаните во Општина Струга. Оваа иницијатива има за цел да ја приближи работата на пратениците до граѓаните, да овозможи полесна комуникација со нив и да придонесе кон поголема транспарентност, достапност и отчетност на Собранието.

фото Собрание