Vestiplus.mk
+ Во тренд... МАКЕДОНИЈА

Претреси во Скопје, приведени две лица, расчистени повеќе кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“

На 02.07.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот на Т.Б.(41) од Скопје, кој бил фатен и лишен од слобода веднаш по извршено кривично дело кражба во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Истиот ден, со судска наредба, извршен е претрес и во домот на Џ.П.(52) од Скопје, кој бил лишен од слобода по извршена кражба. При претресот во домовите на двајцата сторители се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела кражба и тешка кражба, казниви по член 235 и 236 од Кривичниот законик, кои ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно расчистување и документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира...

255 санкции за брзо возење

Vesti +

Генералниот штрајк ќе ги искомплицира уписите и полагањето на државната матура

Vesti +

Османи смета дека повеќето загинати се од Скопје

В+

Разорен земјотрес ја погоди Јапонија, милиони без струја, издадено е предупредување за цунами

В+

Заев: Донесовме одлука, ќе плаќаме и казни само за да ги стопираме малите хидроцентрали, 09.10.2021

В+

Ковачевски на Форумот за 100 дена Влада: Донесовме државнички одлуки со кои го штитиме стандардот на граѓаните

В+