На 26.01.2023, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода И.А.(32) од Виница.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, две дробилки, ризли и пари.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.