На 14.09.2022 во 16.05 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ф.(48) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден пиштол „Берета“ калибар 7,65 мм и 48 куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.