На 22.12.2022 во 18.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода М.А.(43) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом , извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, три дигитални ваги, предмети со остатоци од кафеава прашкаста материја и пари.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.