Премиерот Заев за економијата: Зголемен е економскиот раст, има покачување на платите, расте индустриското производство, ќе има нови работни места со Оперативниот план за вработување
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев за економијата: Зголемен е економскиот раст, има покачување на платите, расте индустриското производство, ќе има нови работни места со Оперативниот план за вработување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот соопшти дека економијата е во добра состојба и во услови на пандемијата и најави нови вработувања и зајакнување на стандардот на граѓаните.

„Индустриското производство има раст од 7.6 проценти. Индексот на прометот на индустријата во март има раст од 27.1 процент. Извозот е зголемен за 18.1 процент. Просечната плата е зголемена за 6.8 проценти. Завршивме со 28.217 денари, според последниот податок – просечна плата во државата. Правиме дополнителни напори да ги видиме сите резервоари создадени од порастот на придонесите во фондовите за пензиско и за здравство, за да имаме рефлексија кон пензионерите. Еве завршуваме мај месец, овие пет месеци имаме 200 милиони евра повеќе наплатено приходи само од Управа за приходи и Царина, во споредба со првите пет месеци од 2020 година. Посериозен податок дека економијата се враќа, дека растот е зголемен, нема“, рече премиерот Заев.

Тој додаде и дека „извозот од еколошко-индустриските развојни зони е 30 проценти поголем во споредба со првиот квартал од 2019 година“, како и дека „приходите се за 7 проценти поголеми овие пет месеци, во споредба со петте месеци од 2019 година, кога немаше Корона вирус“.

„Тоа само по себе потврдува дека сите инвестици се реализирани досега во државата, пред сè домашни и странски, сите економски политики, можеби биле забавени за време на Корона вирусот, но секако носат економски раст, носат работни места, носат поголеми плати, поголеми пензии, носат извоз надвор од државата, девизен прилив, сето тоа го јакне стандардот на нашиот народ“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев соопшти дека за Оперативниот план за вработување се обезбедени 1.516.010.152 денари, со којшто ќе бидат опфатени 10.279 лица. Како поддршка за самовработувањето (претприемништво), рече дека се предвидени 591.913.222 денари; како поддршка за креирање нови работни места 513.296.580 денари, од кои за субвенционирање на плати се обезбедени 189.824.080 денари и за вработување и раст на правни субјекти – буџет од 33.972.500 денари; буџетска поддршка за обуки за дигитални вештини; за практиканство, програма за работно ангажирање.

„Ова се конкретни мерки за конкретни резултати. Економските податоци навистина се добри и уверувачки и тоа го потенцирам и потврдувам за да охрабрам дополнително граѓаните да вложуваат, инвеститорите и бизнисмените, пред сè домашни, да продолжат да вложуваат, заради тоа што само на тој начин ќе расте бруто-домашниот продукт, економскиот стандард на народот, се отвараат нови работни места и ќе го зголемиме девизниот прилив на државата од зголемен извоз“, порача премиерот Заев на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
Подгответе се: Доаѓа студен и влажен бран со пороен дожд, грмежи, а некаде и снег – Метеоцентар со детална прогноза

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, со умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Повремен локален дожд ќе има и во недела. Во понеделник... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Преку Отворен Балкан увозот од Северна Македонија порасна за 56%, големи придобивки имаат сите

Голема благодарност до претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, но и на сите во Собранието што придонесоа за тоа да се ратификуваат договорите од Отворен Балкан, за да можеме конечно да ги имплементираме договорите, рече српската премиерка Ана Брнабиќ. -Така граѓаните и стопанството уште повеќе ќе видат корист од оваа иницијатива.... Прочитај повеќе...

Брнабиќ: Северна Македонија е водечка земја во Отворен Балкан, а приклучувањето во иницијативата е економски паметна одлука

Српскиот културно-информативен центар во Париз ќе се даде на користење на промоција на иницијативата „Отворен Балкан“, кажа српската премиерка Ана Брнабиќ. -Република Северна Македонија и нивното министерство дадоа согласност за програмата за промоција на Отворен Балкан. Бев во контакт со албанскиот премиер Еди Рама, за и нивното министерство да даде... Прочитај повеќе...

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Средба Спасовски-Ониди: Со Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан ја отвораме вратата на поинтензивна соработка заснована на партнерски однос и меѓусебно почитување

Vesti +

Приведен дилер од Скопје, при претрес пронајдена дрога

Vesti +

Ковачевски: Реална е заканата од Левица за европскиот пат

Vesti +

709 санкции за брзо возење

Vesti +

Спасовски се сретна со Абазовиќ

Vesti +

Директорот Тасевски на одбележување на Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје

Vesti +