На 26.11.2021 во 12.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Антон Попов“ во стан сопственост на В.Ј.(88) настанал пожар, а од пожарот биле оштетени влезните врати од два соседни стана. Сопственичката В.Ј. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.