На 01.07.2026 година во СВР Тетово, Е.Д. (48) од с. Равен, Гостивар, пријавил дека на ул. „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување во вид на дупка на предната хауба на неговото паркирано возило „Рено Каптур“.

Од страна на увидна екипа на СВР Тетово извршен е увид на местото на настанот, при што под моторот, односно на заштитната маска, бил пронајден и подигнат еден проектил од непознат калибар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.