СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице(57) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 12.05.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка калибар 7,62 мм со две рамки и 25 куршуми калибар 7,62 мм.