Вчера во периодот од 17 до 22 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата.

При контролата биле откриени и санкционирани 142 возачи под дејство на алкохол кои веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци. За време на контролата биле санкционирани и 153 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.