На 30.11.2021 околу 14.10 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ф.И., кај кого при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден пиштол „цз м 57“ калибар 7, 62 милиметри, две рамки, 10 куршуми од истиот калибар и футрола, а кои ги поседувал без дозвола.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.