Во неделата, Олег Николенко, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина, ги „посрамоти“ руските војници објавувајќи снимка на која се гледаат војниците на Путин како крадат од една украинска канцеларија.

„Втората најсилна армија во светот? Реалност: разбојници ја ограбуваат трговијата со бензинска пумпа. Руската армија нема надеж за победа во Украина.

Гладен, напуштен и деморализиран. Русите очекуваа дека Украинците ќе ги поздрават со цвеќе, но наидоа на железен отпор“, напиша Николенко на видеото.

На Твитер беше објавено и видео од Харков, на кое наводно се гледа како руски војници влегуваат во украинските станови и земаат се што ќе им дојде при рака – телевизори, микробранови печки.

И тоа не е се, некои Руси, според авторите на видеото, дури и украле кокошки и јајца во едно украинско село.