Утрово почина Живко Пандев, познат како сопственик на градежната компанија „Жикол“.

Веста ја објави неговата ќерка Елена Пандева. Таа е сопственичка на модниот бренд „Елена Лука“.

„Со длабока и неизмерна тага ве известуваме дека во раните утрински часови нѐ напушти почитуваниот основач и сопственик на градежната компанија „Жикол“, г-от Живко Пандев. Долгогодишен успешен градежник, голем филантроп, сакан сопруг, татко, дедо и пријател за пример.

Преку неговите дела, преку неговата беспрекорна работа низ децениите и преку хуманата и добра мисија на која безусловно ѝ беше посветен, ќе живее вечно. Луѓе со таква човечка големина остануваат во вечноста. Горди сме на традицијата која ја создаде и чест ни е што сме дел од неговото големо семејство. Нека му е светол патот и нека почива во мир.

Телото ќе биде изложено утре (среда) во Капелата во Струмица во 11 часот, а погребот е од 13 часот“ – напиша Пандева.