Падна одлука: Ново поевтинување на горивата
Vestiplus.mk
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Падна одлука: Ново поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,95 % во однос на одлуката од 5.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,832%, кај дизелот за 1,817%, кај екстра
лесното масло намалување за 1,668% и кај мазутот зголемувањето е за 0,140%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,543%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00
ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на
Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 8.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)

 

Можеби ќе ве интересира...

Кој сака во кафитерија или ресторан, нека си се вакцинира – порача Бектеши

В+

Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива, заедно со ЕУ ќе ја пребродиме економско-енергетската криза

Vesti +

Скопјани подгответе се: Денес прекин на струја во две општини

Vesti +

Горивата повторно поскапуваат: РКЕ ги соопшти новите цени кои ќе важат од полноќ

В+

5 знаци од зодијакот кои ќе најдат сродна душа оваа зима: Ќе ги грее љубов во студените денови

Vesti +

Заев: Вложивме 550 милиони евра за општините да се развиваат рамномерно, Тетово го добива Најдоброто!

В+