Жолтата боја од јајцата можете да ја добиете многу лесно, што е најдобро и сосема природно.

Се ближи Велигден, а домаќинките веќе размислуваат за украсување и бојадисување јајца, а годинава наместо да купувате фабрички бои, насочете се кон природните варијанти. Освен зеленчук, можете да користите и зачини за бојадисување јајца. Дали знаевте дека со помош на куркума можете да добиете убава жолта нијанса? Еве како:

Состојки:

2 лажици куркума

750 ml вода

1 лажица оцет

малку сол

Подготовка:

Во зовриена вода додадете куркума, оцет и сол, сè убаво измешајте, па спуштете ги претходно сварените јајца. Оставете ги неколку часа убаво да ја впијат бојата, а колку подолго стојат бојата ќе биде поинтензивна. После тоа, извадете ги јајцата, тапкајте ги малку со марамче и оставете ги да се исушат. После тоа можете да ги премачкате со масло за подобар сјај.