Во исчекување на почетокот на одморот, се подготвуваме за топлата сезона и набавуваме намирници за плажа.

Креми за сончање со заштитен фактор, кратка и прозрачна облека и костими за капење се на врвот на листата на неопходни работи.

Кога купувате костим за капење за вашето дете ова лето, експертите велат дека треба да ја земете предвид бојата, заедно со големината и стилот.

Организацијата Alive Solutions која се занимава со мерки за безбедност на водата, направи тест во езеро и базен со бело дно. Во двата случаи откриле дека неонските бои на костимите за капење полесно се забележуваат на длабочина од 50 сантиметри.

– Во експериментот на површината на водата поставивме костими за капење во различни бои, ги набљудувавме од брегот и од малку подигната положба, симулирајќи ги условите во кои набљудувате дете од брод или од пристаниште – велат тие во објавата.

Во тест во базен, тимот споредувал костими во различни бои под вода и симулирал ситуација во која дете во таков костим се бори да излезе на површина. Повторно се истакнаа неонските бои како розова, портокалова и жолта.

– Боите кои беа најтешко за забележување беа белата и светло сината, а најдобар избор би била неонско розовата и неонско портокаловата – објаснија тие.

– Иако во базен со светло дно може да се забележат потемни бои, тие често може да се заменат со куп лисја, нечистотија или сенка, затоа држете се колку што е можно подалеку од овие бои. Исто така, запомнете, светлите и контрастните бои ви помагаат подобро да ги видите, но не е важно каква боја носат вашите деца за капење ако активно не ги следите – предупредија тие.