Летото е веднаш зад аголот, време на врели страсти и разбудени сетила. Многу хороскопски знаци ќе сакаат повторно да се чувствуваат сакано, пожелно, да имаат возбуда секој ден.

Овие пет знаци ќе имаат најголеми шанси да најдат среќа ова лето и да ја запознаат својата сродна душа.

Бик
На почетокот на втората половина од годината, Бикот може да се посвети на решавање на сите недоразбирања што ги има со пријателите или саканата личност.

Бикот чие срце е сè уште слободно ќе почувствува потреба за топлина и љубов и конечно ќе разбере што е тоа што сака.

Немојте да се изненадите ако сродната душа се покаже дека е личност од вашата блиска околина, која отсекогаш сте ја сметале само за пријател.

Рак
Ова лето може драстично да го промени животот на некои Ракови. Ќе ви се случат судбоносни познанства кои ќе ви донесат среќа, само не плашете се од љубовта и не ја отворајте душата за некој кој е потполно странец.

Чувствата кои се појавуваат во текот на летото ќе се покажат како длабоки и силни. Поединци ќе станат родители.

Девица
Воздржаната и практична Девица ова лето може да ја привлече романса на која нема да може да и одолее.

Се ќе биде во знакот на нови познанства и се може да се случи брзо. Можно е да се заљубите уште на прв поглед и веднаш да почнете да живеете заедно. Ако сте во брак, поголема е веројатноста да станете родител.

Јарец
Јарецот е некој кој долго време и посветено бара сродна душа. Намалете ги малку критериумите и критиките, тоа може да биде главната причина за вашите љубовни неуспеси.

Не мора да контролирате сè, дозволете и малку и на судбината да се вмеша. Бидете подготвени да ги прифатите можностите што доаѓаат со раширени раце за да не ја пропуштите вашата среќа.

Водолија
Водолиите ова лето ги чекаат патувања и љубов. Обидете се да си организирате најинтензивен и најразновиден одмор, бидејќи најголеми се шансите да сретнете некого на патувањето.

Бидете отворени и толерантни. Вашата сродна душа може да седи до вас во авион или автобус – обрнете внимание.