Долго време се веруваше дека судбината на поединецот е напишана на дланка – и во животот, низ животната линија и во љубовта.

Сега според различни верувања се отиде чекор подалеку и веќе не се гледа само во дланка, туку и во прст.

Имено, на ТикТок и Инстаграм кружи видео во кое се објаснува како да дознаете која е вашата сродна душа.

Се што треба да направите е да зјапате во палецот на левата рака, поточно во местото каде што кожата е збрчкана. Првата буква што ја гледате меѓу ситните цртички е наводно почетната буква од името на вашата сродна душа.

За забава, можете да проверите дали името што го добивте се совпаѓа со името на вашиот сегашен партнер. Во секој случај, можете добро да се забавувате со пријателите.