На 13.04.2026 во 11:40 часот во Полициското одделение Камењане било пријавено дека во с. Боговиње, во близина на маркет, било опожарено патничко возило „опел инсигнија“ со германски регистарски ознаки, сопственост на Б.Р. (29).
Повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Боговиње. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
