Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, утре попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд.

Утринските температури ќе бидат од минус 1 до 5, а максималните дневни температури до 19 степени.

Во Скопје слино време, со температури до 19 степени.

Поинтензивни врнежи се очекуваат од четврток до сабота кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.