Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен и југозападен, а во источните од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно во источните, а кон крајот на денот и во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени. УВ=7

Утре ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Од понеделник ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.