Утре Регулаторната Комисија за енергетика се очекува да ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Според последните берзански податоци, цената на нафтата изнесува околу 91 долар за барел од типот брент, што може да значи дека треба да се очекува поголемо намалување на цените на бензините и нафтата.

Ова се актуелните цени по кои ќе се точи горивото до утре, кога се очекува новата цена:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)