Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално напишана во чест на 30-годишнината од независноста, во изведба на Филхармонијата на Северна Македонија под диригентската палка на Бисера Чадловска, започна свечената програма за одбележување на овој значаен јубилеј пред Собранието на Република Северна Македонија

 
Во присуство на државниот врв на земјата, на пратениците и на членовите на Владата и претставници на државната управа и другите општествени институции, на претставници на граѓанското општество и верските заедници, како и во присуство амбасадори и други членови на дипломатскиот кор во земјата и на граѓани, со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, програмата посветена на тридецениската самостојност на државата продолжи со предвиденото свечено дефиле, информираа од Влада.

-Нашите сограѓани во поворката, припадници на оружените сили од Армијата и од формациите за јавна безбедност на МВР, нашите посветени здравствени работници, пожарникарите и другите припадници на системите за заштита и спасување, земјоделците и рударите, од индустријата, спортот, културата и фолклорните традиции, кои како приказ на нашето општество денес, еднакво за сите граѓани, ја споделија својата радост со гостите и граѓаните коишто ги поздравија со должна почит, додадоа од Влада.

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.
 
Музичкиот дел од програмата со кој ќе заврши одбележувањето на 30-годишнината од независноста, предвидува изведби на антологиски забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на Северна Македонија како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“, по што ќе следува свечен огномет.