Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против лице на возраст од 61 година од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“ по чл. 386 и чл. 144 од Кривичниот законик.
Имено, на 06.11.2026 во Основен граѓански суд – Скопје, пријавениот физички нападнал лице на возраст од 67 години од Скопје и упатувал закани кон него и неговата адвокатка.