На 06.11.2026 во 17:10 часот на Граничниот премин Табановце на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода лице на возраст од 25 години од Скопје, кое управувало патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што при гранична контрола на увид дало фалсификувана словенечка возачка дозвола.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.