МНР преку соопштение се огласи за инцидентот во кој македонски државјанин беше убиен, а неговиот пријател ранет.

„По информацијата за убиството во Халкидики Грција, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапила во контакт со надлежните институции, односно полицијата во Солун, и од таму е добиена потврда дека во Сани Вилас, Ханиоти двајца маскирани лица отвориле оган врз двајца државјани на Северна Македонија. Двајцата биле однесени во општата болница на Халкидики, каде едниот им подлегнал на повредите, додека другиот поради тежината на повредите е транспортиран во друга болница, во Полигирос. Според информациите на Aмбасадатa, на местото на настанот моментално се наоѓаат повеќе тимови на грчката полиција и работат на расчистување на околностите на настанот“, велат од министерството за надворешни работи.