Тоа е прва јавно потврдена пратка на воена помош за Украина од почетокот на инвазијата вчера

Полска испрати конвој муниција во Украина во петокот вечерта, објави на Твитер министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

Тоа е прва јавно потврдена пратка на воена помош за Украина од почетокот на инвазијата вчера.

– Стоиме покрај Украина и покажуваме солидарност против руската агресија – напиша тој.

Во твитот не е наведено за каков тип муниција се работи.