Христијан Мицкоски денес излезе со дијаметрално спротивен став од тој што го презентираше пред само три месеци во врска со обврската која ја има земјава да изврши уставни измени и да внесе други народи во Преамбулата.

Изминатите три месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со остро противење на уставните измени креираа дополнителни поделби во македонското општество, за денес опозицискиот лидер да излезе со став дека бараат гаранции од ЕУ дека нема да има ново вето за да ги поддржат уставните измени.

Тој дури и ги натера неговите пратеници да потпишат изјави на нотар дека нема да гласаат за уставните измени и дури најави и негово повлекување од политиката доколку барем еден пратеник од неговата партија гласа за внесувањето на други народи во Преамбулата на Уставот.

Сепак, денес, по целиот креиран хаос, тој го менува ставот и кажа дека условот за ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени се јасни гаранции од Брисел и ЕУ дека земјава ќе влезе во ЕУ без ново бугарско вето.