Пијан возач кој возел во спротивна насока повеќе од 12 километри по автопатот во сојузната покраина Хесен, бил запрен од полицијата.

Полицијата соопшти дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен предизвикала 52-годишниот маж да погреши и да возел во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт.

За среќа не предизвика сообраќајна незгода или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Од сведоците на инцидентот беше побарано да контактираат со полицијата која ја следи сообраќајната ситуација во јужен Хесен.