Прес-конференција на Марко Михаилоски, претседател на СДММ:

Утре истекува првиот рок за аплицирање за мерката субвенциониран студентски оброк.

Ги повикувам сите студенти кои се на додипломски студии на државните и приватните факултети да аплицираат за да го искористат своето право на субвенциониран студентски оброк.

Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октовмри 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.

Аплицирањето е едноставно и се врши преку веб страницата www.e-uslugi.mon.gov.mk

Со оваа мерка која е на иницијатива на СДММ, 40.000 студенти имаат можност да добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, односно по 21.600 денари годишно.

За оваа мерка од Буџетот издвоени се околу 15 милиони евра, пари кои ќе завршат на сметките на студентите.

Ова е сериозно зајакнување на студентскиот стандард, приоритет на кој СДММ во континуитет посветено работи.

СДММ останува посветена на градење квалитетни одржливи младински политики кои имаат за цел да го зајакнат младинскиот стандард и да овозможат повеќе шанси за младите овде, во нивната татковина.