„Сите проблеми околу испораката на електрична и топлинска енергија беа поврзани со овие случување. Но, со преземените чекори од Владата и вложувањата од буџетот за покривање на овие трошоци не дозволивме голем ценовен шок“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.

Тој додаде дека државните резерви се во добра состојба и дека Владата работи за да не дојде до прекини во снабудвањето со топлинска и електрична енергија.

„Оваа криза ја предвидовме и правевме напори. Владата ја следи ситуацијата од ден на ден и презема чекори со директна интервенција од буџетот за граѓаните да не ги почувствуваат последиците“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека интерес на Северна Македонија е да опстои стабилноста, сигурноста и безбедноста во Европа и нашиот регион.