Маја Миа, популарна мејк ап артиска и инфлуенсерка, починала во Африка, јавуваат локалните медиуми.

Маја е Македонка со потекло од Охрид, а во Танзанија живеела повеќе од една деценија.

Сефер Цаноски, директорот на ФОН универзитетот, на својот фејсбук профил соопшти дека таа во петокот сабајле го загубила животот во несреќен случај.

Неодамна Маја беше во Скопје и на социјалните мрежи објави заеднички фотографии со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Таа сподели фотографија од кафеана во друштво со поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Маја Миа пред само четири дена ја објавила оваа фотографија на својот инстаграм профил: