“Вложуваме во руралниот развој и во современа инфраструктура.

Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата ја имаме најдобрата програмска и кадровска понуда во Кривогаштани со Николче Мискоски и советничката листа предводена од Горан Новакоски, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на средбата со жителите на Кривогаштани.

Во Кривогаштани вложуваме во развој на патната и на комуналната инфраструктура, приоритет е реконструкција на училишната зграда, изградба на спортска сала, изградба на фабрика за преработка и рециклирање на отпад. Детската градинка е доизградена и опремена, реконструирана е регионалната патна мрежа, обновени се локалните патишта. Кривогаштани има развоен потенцијал, ги стимулираме младите земјоделци, жените. Социјалдемократскиот сојуз се грижи за секој граѓанин, го стимулираме зелениот развој, имаме план и нудиме реални решенија.”

Го имаме Најдоброто и за Кривогаштани!