Почестете се со вкусен и лесен оброк кој се подготвува за еден час работа.

Состојки:

половина кесичка тестенини (или некои други тестенини по ваш избор)

2 пиперки

2 домати

1 краставица

млад кромид

половина лименка слатка пченка

1 лажичка сок од лимон

1 лажичка маслиново масло

сол, бибер

чаша јогурт

Подготовка:

Сварете ги макароните според упатството. Почекајте да се излади, ставете во сад и додадете го зеленчукот што сте го исецкале на помали парчиња. Зачинете.

Во помал сад измешајте ги јогуртот, лимонот и прстофат сол. Прелијте со салата. И уживајте!