Според непрофитната американска организација (EWG), и покрај миењето на повеќе од 65 отсто од овошјето и зеленчукот, остануваат штетните хемикалии кои предизвикуваат голем број проблеми и болести.

Хемикалиите кои превентивно делуваат против паразити и болести имаат штетно влијание врз здравјето на луѓето и предизвикуваат бројни компликации. Пестицидите кај луѓето го зголемуваат ризикот од неплодност, дијабетес, хормонална нерамнотежа и рак. Затоа, се препорачува добро да се мијат зеленчукот и овошјето пред употреба и да се лупат доколку е потребно.

Според истражувањето на EWG за 2022 година, зеленчукот, кој е меѓу најздравите намирници поради своите придобивки, е на самиот врв на листата на храна со најмногу пестициди. Имено, дури 60 отсто од испитаните зелки содржат канцерогени материи.

Ова е списокот на намирници со најмногу пестициди: јагоди, спанаќ, кељ, нектарини, јаболка, грозје, пиперки, цреши, праски, краставици, целер, домати, компири…