На 05.07.2026 година во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42), двајцата од село Пршовце, пријавиле дека околу 21:00 часот додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавило лицето Д.И. и му побарало пари во износ од 100.000 евра упатувајќи му закани.

Потоа, С.А. и пријавениот се сретнале на улица „120“ пред маркет, каде Д.И. дошол со мотор и започнал со вербална расправија и закани. По кратка физичка пресметка, Д.И. извадил нож со намера да го нападне С.А. при тоа во намерата бил спречен од А.С., при што пријавениот му нанел рана на А.С., а потоа го прободел и С.А..

На повредените им била укажана помош во Клиничката болница Тетово.